Портфолио аналитичар
ProCredit Bank Macedonia · Skopje
Job description
ПроКредит Банка е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддршка на микро, мали и средни претпријатија и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.За потребите на нашиот Оддел за портфолио анализа и проценка на обезбедување, бараме аналитична, посветена и одговорна личност за позицијата Портфолио аналитичар, која ќе придонесува кон навремено идентификување и следење на кредитните ризици и одржување на квалитетот на кредитното портфолио на Банката.Клучни одговорности:Спроведување редовни и детални анализи на кредитното портфолио на Банката, земајќи ги предвид релевантните ризични фактори, трендови и показатели.Класификација и проценка на кредитниот ризик во согласност со регулативата на Народната банка и политиките и стандардите на ПроКредит групацијата.Пресметка, контрола и известување за исправката на вредност и посебната резерва, согласно важечките регулаторни и меѓународни стандарди.Подготовка на редовни и ад хок извештаи за клучните параметри на кредитниот ризик за потребите на Банката, ПроКредит Холдинг и релевантните комитети и органи на управување.Спроведување миграциони анализи, следење на историските стапки на ненаплаќање и идентификување и анализа на ризикот од концентрација во кредитното портфолио.Следење на макроекономските движења и развојот на финансискиот пазар, анализа на нивното влијание врз кредитното портфолио и предлагање соодветни мерки.Предлагање активности за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и управувањето со проблематичните изложености, како и следење на усогласеноста со релевантните ковенанти.Потребни квалификации:Завршено високо образование од областа на економија, финансии, банкарство, сметководство, математика, статистика или друга сродна област.Претходно работно искуство во банкарство, кредитен ризик, финансиска анализа, ревизија или анализа на податоци ќе се смета за предност.Добро разбирање на кредитниот ризик, финансиските извештаи и клучните показатели за квалитетот на кредитното портфолио.Изразени аналитички способности и способност за обработка, проверка и интерпретација на поголем обем на податоци.Напредно познавање на MS Excel и останатите алатки од MS Office пакетот.Познавањето на SQL, Power BI или други алатки за обработка и визуализација на податоци ќе се смета за предност.Прецизност, систематичност, одговорност и внимание на детали.Способност за самостојна работа, почитување рокови и јасно презентирање на аналитички наоди.Познавање на англиски јазик.Што нудиме:Работа во меѓународна компанија со пријатна и отворена работна атмосфера.Можност за стекнување и продлабочување на експертизата во областа на кредитниот ризик и портфолио анализата.Континуиран личен и професионален развој.Тимска соработка и култура која ги охрабрува проактивноста, одговорноста и новите идеи.Рамна хиерархија и брзи процеси на одлучување.Флексибилно работно време со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот.Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на .Аплицирај и стани дел од тимот на ПроКредит Банка.
Questions fréquentes
Why are you reporting this job?
Explore further
Salaries, guides and searches in North Macedonia.
Apply in 30 seconds
Enter your email to apply. An account will be created automatically.
By continuing, you accept our terms of use.
Already have an account? Login
A question about this job?
Ask it here: you will get the full job summary by e-mail, right away.
Published 2 hours ago
Expires 1 month from now
6 views · 0 interested
Boost your chances
Upload your CV — we will match you with relevant openings.
Analyzing your CV...
ProCredit Bank Macedonia
Skopje