Product Group Specialist (Специјалист за група на производ)
M SAN Grupa · Skopje
Job description
М Сан Дистрибуција е дел од М Сан Група, најголемиот регионален дистрибутер на компјутерска опрема и компјутерска електроника. Низ широко портфолио на производи и технолошки решенија, како и долгогодишна соработка со водечките светски производители, градиме силна мрежа на бизнис партнери и пружаме поддршка на нивниот развој.📍Вангел Нечевски 43, СкопјеКако специјалист за група производи, ќе соработуваш со нашиот успешен тим во ИТ и Enterprise сегментот од нашето портфолио, ќе ги утврдуваш потребите на нашите бизнис партнери и и да обезбедуваш продажба на производите на крајните купувачи преку квалитетни презентации, сопственото знаење и секојдневната комуникација со партнерите.Критериумите за оценување на твојата работна успешност ќе вклучуваат остварување на планираните продажни цели, бројот на нови деловни партнери, одржување на постојните партнерства, како и задоволството на купувачите и партнерите.Главни одговорности:Планирање, развој и управување со доделената група производи во согласност со деловната стратегија на компанијата.Остварување на продажните и профитните цели, како и следење и анализа на деловните резултати.Активно следење на пазарните трендови, конкуренцијата и потребите на пазарот, како и идентификување нови деловни можности.Развивање на соработката со постојните партнери и добавувачи, како и пронаоѓање и воспоставување соработка со нови партнери.Учество во преговори со добавувачите и развој на нови дистрибутивни партнерства, во согласност со стратегијата за комерцијален развој на компанијата.Планирање и спроведување на продажни и маркетинг активности, вклучувајќи промотивни кампањи и активности за унапредување на продажбата.Управување со ценовната политика, формирање на цените и позиционирање на производите на пазарот.Координација на процесите за набавка, планирање на потребите и управување со залихите со цел оптимизација на работењето.Учество во креирањето стратегија за развој на нови производи и брендови, како и нивно воведување на пазарот.Организација и спроведување обуки за продажниот персонал и партнерите, со цел унапредување на познавањето на производите и подобрување на продажните резултати.Анализа на реализацијата на деловните планови, подготовка на извештаи и предлагање мерки за унапредување на работењето.Координација на активностите со тимовите за продажба, маркетинг и другите релевантни организациски единици.Од кандидатот бараме:Завршено вишо или високо образование од областа на економијата, информатиката или сродни области.Минимум 5 години работно искуство во продажба или набавка.Развиени комуникациски и преговарачки вештини.Напредно познавање на работа со компјутер и деловни апликации.Самостојност, одговорност и прецизност во работата.Активно познавање на англискиот јазик.Нудиме:Приватно здравствено осигурување.Колективно осигурување од повреди при работа, кое важи за време и надвор од работното време.Поволности при купување на производите што ги дистрибуира компанијата.Можност за стручно усовршување во областа преку платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување соодветни вештини и знаења, со можност за континуирана едукација.Работа во професионална работна средина и тим кој е секогаш подготвен да пружи поддршка.Работа во рамките на интернационална групација, во динамична работна средина исполнета со нови предизвици, со можност за стекнување нови искуства и вештини.Можност за надградување и напредување во рамките на компанијата.
Questions fréquentes
Why are you reporting this job?
Explore further
Salaries, guides and searches in North Macedonia.
Salaries by job title
Apply in 30 seconds
Enter your email to apply. An account will be created automatically.
By continuing, you accept our terms of use.
Already have an account? Login
A question about this job?
Ask it here: you will get the full job summary by e-mail, right away.
Published 3 hours ago
Expires 1 month from now
2 views · 0 interested
Boost your chances
Upload your CV — we will match you with relevant openings.
Analyzing your CV...
M SAN Grupa
Skopje
Related job offers
-
Junior Product Group Specialist (Јуниор специјалист за група на производ)
M SAN Grupa Skopje -
Sales Specialist – Payment Solutions
Payten Skopje -
Category Manager
Ananas.mk Skopje -
Sales Manager - B2B Outbound & Team Management
Agency Y - Cold Calling & Email Marketing -
Sales Manager - Business Development
Sentice Skopski